ДУИ ноќеска гласале без да условуваат, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ .Не коментираат дали барањето на Ахмети за ад хок комисија било компензација
За првпат претставниците на ДУИ гласаа без можност да условуваат, затоа што законските измени се реформски и транспарентни. И во таква ситуација никој никого за ништо не може да уценува.
Ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска на прес-конференција го презентираше пратеничката и партиска портпаролка Марија Митева, а во контекст на синоќешното гласање на законските измени за реорганизација на министерствата кои беа поддржани и од пратеници на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ.
„За првпат по долги години парламентарното мнозинство предлага закон за структурни реформи, кој во својата суштина е развоен и трансформативен, со што не се остави простор за негово проблематизирање на ниту една партија која нема задни намери истиот да не го поддржи. Сите законски измени и систематски промени ќе бидат работени низ јасна процедура, со јасен и недвосмислен законски наратив, кој нема да остави простор за проблематизирање и блокирање од било кого. За разлика од порано кога СДС протнуваше закони за остварување на криминал и корупција, денес разговараме за реформски закони“ рече Митева на денешната прес-конференција.
Ова, рече Митева, е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во иднина. Додава дека со синоќешното изгласување на законските измени за реорганизација на министерствата, ВМРО-ДПМНЕ го исполнила ветеното и го направила првиот чекор кон комплетна трансформација на државата.
„Се изгласаа измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со кои конечно ќе овозможиме реорганизирање на државната управа, со една единствена цел – комплетна ефикасност, рационализација и транспарентност на институциите во државата. Законските измени кои беа дел од изборното ветување, беа работени и со претставници на ЕУ и истиот е дел од ИПА програмата. Покажавме силен капацитет во Собранието, покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ умее да води конструктивен политички дијалог за обезбедување на 2/3 мнозинство низ предлози кои решаваат системски и важни прашања за нашите граѓани“ додаде пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и партиска портпаролка на денешната прес-конференција.
Доцна синоќа со двотретинско мнозинство од 88 гласа „за“, 22 „против“ и ниту еден „воздржан“, Собранието го донесе Законот за реорганизација на органите на државната управа, чиј предлагач беше пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е и мандатар за состав на новата влада. LСо 88 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за реорганизација на министерствата што го предложи Мицкоски
Пред гласањето, од партијата на Мицкоски преку писмено соопштение информираа дека на средба меѓу претставници на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Европски фронт“ било договорено коалицијата предводена од ДУИ да даде поддршка за предлог-законското решение