Принцот Хари првпат јавно прозборе за болеста на кралот Чарлс: Благодарен сум што го видов!

За првпат откако јавноста стана свесна за болеста на кралот Чарлс III, неговиот најмлад син, принцот Хари зборуваше за тоа во емисијата „Добро утро Америка“ на „ABC“.

Тој раскажа како го посетил Лондон без Меган и нивните деца, неполни 24 часа по објавувањето на здравствената состојба на кралот Чарлс.

Запрашан од водителот Вил Рив дали краткото патување било емотивно за него, Хари одговорил:

„Гледај, го сакам моето семејство. Благодарен сум што можам да се качам во авион и да одам да ги видам и да поминувам време со нив“.

Рив, чиј татко Кристофер Рив остана парализиран по падот од коњ, рече:

„Исто така, во мојот живот открив дека типот на болеста во семејството може да поттикне обединување на семејството. Дали е тоа можно во овој случај?“.

„Апсолутно. Да сигурен сум. Тоа го гледам во сите тие семејства секој ден. Мислам дека секоја болест, секоја болест ги зближува семејствата“, рече Хари.

Принцот Чарлс го видел Хари само 30 минути по неговата дијагноза за да го задржи нивото на стрес на ниско ниво, изјави претходно за „Сан“ кралски експерт.

Секој продолжен состанок би завршил со навлегување во стресни теми кои би го комплицирале закрепнувањето на кралот, објасни тој.

„Кралот не е многу добро, без разлика на видот на ракот, тој се лекува“, рече Џобсон кој исто така додаде дека на Чарлс ќе му треба одмор за да закрепне.

 

Back to top button
Close