Притвор за четворица, куќен притвор за седуммина новоосомничени за пожарот во Кочани

Обвинителството побара, а Кочанскиот суд прифати четири ефективни и седум куќни притвори, како и седум мерки на претпазливост за 19-те новоосомничени во истрагата за трагичниот пожар во кочанската дискотека Пулс, додека амбасадорот во Норвешка Кучи се уште е надвор од земјата. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, не прецизира кој од осомничените каква мерка добил. Потврди дека станува збор за 2ца екс и еден актуелен директор на ДСЗ, 3-ца екс-министри за економија, но додаде и дека меѓу новоосомничените се градежни и пазарни инспектори, државни секретари и повеќе службеници. Актуелниот министер за економија Бесар Дурмиши не бил опфатен во истрагата, бидејки како што вели Коцевски, за време на неговиот мандат сопственикот на дискотеката не побарал продолжување на лиценцата

Сите директори на ДЗС од 2012 до сега се осомничени, а Коцевски објасни дека истрагата до сега покажала дека и сегашната и претходните раководни структури целосно ги запоставиле своите надлежности. Вели тие не вршеле контроли, надзори и проценка на ризик, не само во Пулс, туку во дискотеките низ целата држава. Во однос на раководството на ДПИ, Коцевски информираше дека проверките за 2-цата осомничени екс директори продолжуваат, а за актуелниот не постоел Законски основ за гонење.

Наведувајки примери од слични трагични пожари во клубови во Романија, САД и Бразил, чии законски ги зеле во предвид при истрагата , Коцевски ја образложи и временската рамка по која се води обвинителството. Тој објаснува дека освен оние кои имаат диреткна вина, се сомничат и оние лица чија серија на пропусти од отворањето на дискотеката па се до пожарот, довеле до тоа дискотеката да работи и да се случи катастрофата. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели секој кој се огрешил ќе одговара и порача дека истрагата не треба да биде место за политички препукувања.

За пожарот во Кочани во моментов се осомничени 45 физички и 3 правни лица. Коцевски информираше дека до сега се собрани 1000ци материјални докази, а истрагата е се уште во тек. Нагласи дека таа треба да заврши за 2 месеци.

Back to top button
Close