Приватен истражувач му се извини на принцот Хари

Гевин Бароуз, приватен истражувач задолжен за кралското семејство, му се извини на принцот Хари за неговото претходно однесување и нарушвањето на приватноста, во документарец на Би-би-си, наречен „Принцовите и печатот“. За да откријат приказни за Хари, тие ја следеле неговата тогашна девојка Челси Дејви, со која беа во врска шест години.

– Бев дел од група луѓе кои му ги украдоа неговите обични тинејџерски години, рече Бароуз, објаснувајќи дека медиумите во раните 2000-ти биле немилосрдни. – Ја хакиравме и нејзината говорна пошта, имаше многу надзор над нејзините телефони и канали за комуникација. Челси се фалеше пред пријателите кога ќе отидеше да го види Хари, раскажува Гевин.

Бароус призна и дека копал по медицинските досиеја на Челси, за да дознае, на пр. – дали има сексуално пренослива болест или спонтани абортуси. Тој рече дека му е многу жал и дека така се однесувал бидејќи бил „алчен, земал кокаин и живеел во лажна состојба на величина“. Во документарецот се појавуува и новинарката Роја Ника, која потврди дека вниманието кон девојките на принцот Хари било преголемо.

– Кога излегувате или размислувате да се омажите за член на кралското семејство, контролата што Ви се налага, е огромна, рече таа, додавајќи дека Хари морал да бара начини да го држи својот љубовен живот подалеку од приватните истражувачи.

Back to top button
Close