Приведен жител на Росоман, му се заканувал на градоначалникот
Од МВР информираат дека жител на Росоман бил пријавен за два настани. За едниот бидејќи пијан го нарушил јавниот ред и мир, а во вториот му се заканувал на градоначалникот на Росоман.

-На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници при вршење службени дејствија.
Дополнително, било пријавено дека во угостителски објект во Росоман физички го нападнал Л.Л.(18) од с.Паликура, при што употребил стаклен предмет.
По извршените проверки било утврдено дека И.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,03 промили алкохол во крвта






