Приведени две лица осомничени за обид за изнуда на наводен долг од 50 000 евра

Во Скопје вчера биле лишени од слобода Б.А.(39) и С.А.(35), двајцата од скопското село Арачиново поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 258 од КЗ.  Тие, како што соопшти МВР, се сомничат дека во текот на месецов во неколку наврати од лице од Скопје се обиделе да изнудат 50.000 евра како наводен долг кон еден од приведените.

-Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Back to top button
Close