Привлечниот евровизиски победник е „двојник“ на принцезата Дијана (ФОТО)

Социјалната мрежа Твитер, моментално е преплавена со фотографии од Дамијано Давид, инаку овогодишниот победник на Евровизиското шоу и принцезата Дијана. Фановите на музичарите и покојната принцеза изјавуваат дека постои голема сличност меѓу нив.

Со својот рокерски шарм и огнена изведба, Дамијано ги полуде фановите ширум светот, а сега своите бројни обожаватели ги потсети на една позната принцеза.

Оттаму, корисниците на Твитер уверуваат дека сличноста помеѓу нив двајца е неверојатна.

Инаку, се започна откако еден корисник на Твитер забележа дека имаат ист стил и ги објавија фотографиите од нив една до друга, на кои двајцата дури носат и бисерен накит, имаат црно моливче околу очите и слична фризура.

Back to top button
Close