Призма-Анализи Непријавени имоти, неказнети судии

Застарувањето ги спасува судиите од прекршок и од разрешување

Автор: Васко Маглешов

Три години е рокот во кој Судскиот совет може да отвори дисциплинска постапка за судија | Фото: БИРН

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски вели дека во изминатите години воделе две постапки за непријавен имот, за едната е отфрлено барањето поради застареност.

Според Камбовски, тоа е проблем: „Ако се изминати овие рокови, не може да се води постапка.“

Со други зборови, ако судија стекне имот и одбие го пријави, и ако поминат три години, нема начин тој да биде разрешен.

Камбовски ни изјави дека Судскиот нема листа на судии што не пријавиле имот во ДКСК, или такви што имале значителна промена на имотот за што не поднеле изјава за имотната состојба.

Седум години откако овој член постои во законот, и покрај тоа што ДКСК утврдувало дека има судии и претседатели на судови што не пријавиле имот, досега нема дисциплинска постапка за судија, за оваа законска основа.

Билјана Ивановска | Фото: БИРН

Прекршочни глоби биле изрекувани, но не се случило судија да биде разрешен поради одбивање да пријави имот или поради тоа што стекнал имот во голем обем, а не го пријавил.

Билјана Ивановска, поранешната претседателка на ДКСК, се сеќава дека додека ја извршувала функцијата, од нив се барало да спроведат „мал ветинг“, односно проверка на имотот на судиите.

Тоа и го направиле, на тој начин што во годишниот план за проверка на имотната состојба, ги ставиле судиите.

„Бидејќи не наидовме на статистички податоци за поплаки за судии, преминавме на проверка на имотот на сите претседатели на судови. Од триесетина претседатели, десетина, или заборавиле да пријават, или имаа несоодветни податоци што се разликуваат од официјалните“, вели таа.

„За тоа имавме повеќе од 10-тина пријави во Судскиот совет, но за ниеден судија не слушнавме дека е разрешен.“

Ивановска повторно нагласува дека државата треба да го донесе законот за потекло на имотот, кој нема да важи само за судиите, туку и за сите други функционери и граѓани.

Шест судии лани не пријавиле имот

Адем Чучуљ, претседател на ДКСК | Фото: БИРН

Ланската година и во првите два месеца од 2026 година, вкупно шест судии не поднеле изјава за имотна состојба до ДКСК. За нив, Антикорупциска оформила предмети и иницирала прекршочни постапки, кои се во тек.

Во ретките случаи каде што била поведена прекршочна постапка за судии, тие биле оспорувани.

Записник за прекршок поради непријавен имот на ДКСК од 2022 година, во кој БИРН имаше увид, покажува дека за в.д.претседател на судот во Струмица имало два прекршочни налози. Едниот дека тој не поднел анкетен лист и го платил. Вториот е дека откако му завршила функцијата, повторно не го пријавил имотот.

Антикорупциска го проверуваше имотот на пет судии што се најдоа во извештајот на Стејт департментот за човекови права во 2019 година, но за ниту еден од нив не се утврди несразмерно збогатување.

Од антикорупциската комисија велат дека не може да проверат колку судии стекнале имот, а не го пријавиле тоа, бидејќи тоа го прават само поединечно, ако конкретен судија им е влезен во планот за проверка.

Првиот човек на ДКСК вели дека самиот систем не покажува „црвени знаменца“ доколку некој функционер купил имот, а не го пријавил во рокот или стекнал поголем имот што ги надминува приходите.

Но, работат на надградба на системот што треба да ги отстрани овие недостатоци.

Целата анализа на ПРИЗМА МК

 

Back to top button
Close