Сестрата на Кол Томас Ален се соочува со сериозни обвинувања по пукањето


Кол Томас Ален, осомничениот за пукањето на вечерата на дописниците од Белата куќа во саботата, наводно бил насочен кон американскиот претседател Доналд Трамп и членови на неговата администрација, потврди вршителот на должноста државен обвинител Тод Бланш. Бланш додаде дека властите веруваат дека 31-годишниот маж од Торенс патувал со воз од Калифорнија до Чикаго, а потоа до Вашингтон.

Јавни записи цитирани од „Дејли мејл“ открија дека Кол Томас Ален е едно од четири деца, меѓу кои се двете сестри Стефани и Арвиана и братот Габриел. Корисници на социјалните мрежи посебно ја таргетираа Арвиана Ф. Ален со сериозни обвинувања.

Коментаторката и инфлуенсерка Sunshine Sunnybunz постави прашања, истакнувајќи дека Арвиана „живее и работи во Вашингтон, дипломирала на Northwestern Medill со дипломи по новинарство и статистика. Работела за Texas Tribune, Pew Research и CalMatters, изработувајќи водичи за гласачи и податочни проекти за прогресивно ориентирани медиуми“.

„Во ова токсично опкружување, брат кој пука додека неговата сестра работи во левичарски медиумски кругови во Вашингтон отвора сериозни прашања за тоа како политичкиот гнев се пренесува во семејствата. Истражителите ќе навлезат подлабоко, но овие приказни никогаш не се едноставни.“

Друга личност објави на X (поранешен Твитер): „Поголемото прашање е, дали неговата сестра била на настанот? Дали сестрата на наводниот напаѓач била присутна на вечерата?“

Сепак, таа теорија брзо беше отфрлена. Grok објави проверка на факти: „Не, нема јавни докази или извештаи дека Авриана Ф. Ален била на вечерата на дописниците од Белата куќа. Таа е 27-годишна новинарка/аналитичарка на податоци во Вашингтон во Pew Research, но нема извори што ја поврзуваат со настанот или со каква било вмешаност.“

Back to top button
Close