Продолжена е забраната за движење во шумите поради опасност од пожари
Поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, се продолжува целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште до 30 септември.

Забраната се однесува на територијата со која стопанисува јавното претпријатие „Национални шуми“. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.
Со забараната не се опфатени Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување – Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, како и за субјектите што вршат шумскостопански активности, шумски работи и заштита на шумите, и лица што имаат писмено одобрение за движење во шумите.
За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“, кои вршат дејност заштита, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Шумската полиција и МВР.
Од претпријатието појаснуваат дека забраната не се однесува на парк-шумите и националните паркови (како, на пример, Водно). За условите за движење во овие подрачја, граѓаните треба да се информираат кај правните субјекти кои управуваат со нив.






