Продолжиja израелските напади во Појасот Газа

 Воздушните, копнените и поморските напади на израелската армија продолжуваат низ Појасот Газа додека конфликтот меѓу Израел и Хамас влегува во својот 85-ти ден, јавува палестинската агенција Вафа.

Како што се наведува, неколку луѓе се повредени во израелското бомбардирање на куќа во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, во јужниот дел на Појасот Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршиле тешко артилериско гранатирање, додека од израелските бродови се истрелани гранати во централниот и јужниот дел на Појасот Газа.

Агенцијата соопшти дека ИДФ истрелала неколку тенковски гранати врз кампот Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, додека воени авиони извршиле серија напади врз јужниот град Кан Јунис.

Министерството за здравство во Газа вчера соопшти дека 21.507 Палестинци загинале, а 55.915 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, кога започна конфликтот со нападот на Хамас врз Израел. р

Back to top button
Close