Продолжува судењето за убствата на Вања и Панче – Палчо ќе добие нов адвокат по службена должност ако не се појави неговиот

Денеска во Кривичен суд е закажано ново рочиште за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Прбобвинетиот Љупчо Палевски треба да одговора на прашања од Обвинителството.

 

Минатото рочиште беше откажано поради тоа што не присуствуваше адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски кој го оправда своето отсуство од здравствени причини.

 

Судијата Стефановски кажа дека доколку Страшевски не се појави и на следното судење, тогаш Судот ќе му одреди адвокат по службена должност.

 

 

Палевски на поставените прашања на адвокатот Страшевски, се изјасни како невин во убиствата на Вања и Панче, и дека немал ниту мотиви, ниту причина.

Претходно сведочеа Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски. Манев рече дека двете убиства ги извршил Палевски, додека Кешишев сведочеше дека видел како Палчо држи пиштол при убиството на Вања, додека за Жежовски воопшто не ни бил на местото кога се случил чинот.

Ѓорчевски, пак, објасни како ја барал својата ќерка во моменто кога било пријавена дека не дошла на училиште.

За денеска е планирано прашања на Палчо да му поставуваат обвинителките Ана Стојковиќ и Жаклина Јосифовска

Back to top button
Close