Програмата за психологија на Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ нуди бројни можности за кариера
Психологијата опфаќа едно фасцинантно, динамично и постојано еволуирачко поле на проучување на умот и однесувањето. Се занимава со широк спектар феномени, вклучувајќи помнење и заборавање, размислување, решавање проблеми, учење, донесување одлуки, комуникација, социјални интеракции и емоции. Програмата по психологија, што ја нуди Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, освен што ги обучува студентите со основните знаења и вештини во психологијата, уште и ги подготвува тие знаења да ги применат и во реалниот свет.
Покрај традиционалниот кариерен пат, дипломираните студенти со знаењата стекнати од оваа програма имаат пристап до широки можности за вработување во многу различни индустрии. Човечки ресурси, маркетинг, училишта и образовни институции, истражување, односи со јавноста, грижа за деца, социјални служби, спортски институции и многу повеќе, исто така се професии каде психологијата има примена.
Дипломата по психологија, од Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ е една од ретките програми во регионот акредитирани од Британското психолошко друштво (BPS). Програмата се изучува на англиски јазик, студиите траат 3 години а дипломата ја доделува Универзитетот Јорк (Велика Британија).
Вообичаено, дипломираните студенти започнуваат кариера како психолози, маркетери, менаџери за човечки ресурси итн. Но, оние што ќе одлучат да го продлабочат своето знаење во полето на психологијата, можат едукацијата да ја продолжат на напредните магистерски програми на Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ и тоа на Невропсихологија, Клиничка психологија, Советување и психотерапија, Маркетинг и рекламирање, Дигитални медиуми, Неуромаркетинг, како и Управување со човечки ресурси.
СИТИ Колеџ претставува европски кампус на Универзитетот Јорк, водечка британска академска институција со инспиративна настава и опширна истражувачка програма. Како член на престижната Расел група, Универзитетот Јорк е дел од 24 водечки универзитети во Велика Британија кои ги одржуваат највисоките истражувачки и академски стандарди.