Progressus

Живееме во  земјата на прогресот. Овој латински збор е зборот на годинава,  лето Господово дваесет и прво во третиот милeниум. Власта во последно време, а посебно после локалниот дебакл го користи овој збор, макар што вистински не се забележува. прогрес. Зборот е клучен при обидите за  идеолошка политичка дисквалификација,   посебно на најголемата опозициона партија, која наводно со внатрешни блокади а и меѓународното ангажирање оневозможува,   конечно добивање на  заслужената  дата за почеток на преговарачкиот масакр кој не очекува пред алите од Европската комисија. Укажувањето на опозицицијата на причините поради кои ЕУ не започнува да преговара со нас, за моменталната фрагилна владеjaчка коалиција (робусно и квалитетно зајакната со Алтернатива) е деструктивно. Премиерот во оставка Заев, и неговиот прв заменик Груби сметаат дека до Божик  ,се разбира оваа година, можеме да  добиеме датум за преговори со што би бил комплементиран  историскиот успех на оваа влада,заедно со потпишувањето на Преспанскиот договор, кој ширум ги отвори вратите кон НАТО и ЕУ. Така премиерот Заев со бел образ би отишол во историјата. Славјето ни го расипа братската Бугарија. Бугарската дипломатија детално го проучила Преспанскиот договор, од аспект на меѓународното право, посебно делот со кој од  нас  прифатената флоксулата  “заедничка историја” па ја комплетираа својата позиција со Декларација во Собранието во октомври 2020. Ние соодветна декларација (предлог на ВМРО) во собранието усвојивме во нашето Собрание цела година потоа, веслајќи кон Брисел  во двоецот без кормирал. Сцилита, но овој пат.  не во Сицилијанскиот морски теснец не ја избегнавме. Коработ се насука и  мора  да се реставрира во марината.

 

Не би влегувал во анализите за креирањето и потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија, за прегртките на Заев со Борисов и на локалниот Дон Жуан со Захариева,за залудните надежи полагани во новаата бугарска влада,за очекуваниот притисок кон Бугарија од меѓународната заедница,за погрешните фројдовски толкувања на изјавите на челниоците на ЕУ, за неконзистентноста на нашата позиција, за изостанокот на потребната кохабитација помеѓу консензуалниот претседател,премиерот Заев и Собранието, од една страна и ликовите, како што е  даскалаот по римско право,како наш истакнат експерт и специјален пратеник за решавање на спорот, кој што своевремено помогна на Софија да се раатиса од резервните делови за застарените тенкови и со тоа  помогна и да се исполни и еден од условите за НАТО, од втора страна, потоа за дипломатските слаломи на МНР Димитров, потоа заменик премиер за ЕУ,кој за кусо време стана драг пријател на речиси сите високи чиновници во Брисел, па дури успеа и прв да се сретне со новата германска министерка за надвореѓшни работи А.Баербок и министерката за Европа А.Мирман. Но дури и тоа не помогна. Тука би го додали добро информираниот поранешен преведувач на Карла дел Понте, во функција на алтернативен премиер, задолжен за политичкиот систем, а всушност главен оперативец во партијата на “Зелените”.

 

Но, на некои моменти морам да укажам, што можеби не е прогресивен пристап. Договорот со Софија од наша страна е невнимателно потпишан. Тоа беше избрзан, дипломатски недоволно подготвен чекор, мотивиран единствено од поривот новата влада да покаже прогрес во надминувањето на отвпорените прашања со соседите во самиот почеток од нејзиниот мандат , патем прашања кои и ден денес не се решени, како услов за прием во НАТО и ЕУ. Владата сметаше дека решавањето на долгогодишната агонија пред портите на НАТО и ЕУ, може да обезбеди непречено владеење. Само неколку месеци по превземањето на власта новата коалиција пред Илинден 2017 го потпиша Договорот за пријателство со Бугарија. Осоколена од успехот и од декларативната поддршка од ткн. меѓународен фактор, новата влада го потпиша и Преспанскиот договор со Грција во јуни 2018. Две години потоа знамето на СРМ се вееше пред главната квартира на НАТО во Брисел. Историски успех на нашата држава без причини припишан на премиерот Заев. При тоа се нагласува и реформистичкиот прогрес на оваа влада. Се разбира нема да пишувам за постигнатиот прогрес на домашен план, како нпр. за растот на БНП, рапидно зголемување на странските инвестиции, ефикисните еколошки мерки кои ги превземаме, намалување на вработеноста поради егзодусот на младите, зголемената социјална благосостојба, исчезнувањето на корупцијата, рекордниот буџет, зголемен од познати причини и познати методи на негово празнење. За ваквите прогреси на оваа влада имате прилика да се информирате од нашите многутиражни слободни медиуми, кои фабричките тиражи и големата ремитенда ги надополнуват со   милостиња од владата. Методите се устоличени а аргументите на главните пропагандисти испливуваат од селските ќенефи комбинирани со филозофски мисли додека клечат во нив, па до меката избалансираност на  повнимателните кои , новинарски,односно занатаски умешно, во една третина од меритумот на текстовите наводно објективно известуваат, а потоа со фуриозно  финиширање во полза на менторите  ја откриваат прозирната апологетска цел.

 

Се враќам на омилената тема  – нашата дипломатијата.Нема добра,ефикасна влада без добра дипломатија. Од втора страна нема добра дипломатија без функционална влада. Споени садови. За потврда на оваа моја  теза еве една германска констатација. “Aussenpolitik wird auch im Kanzleramt gemacht” која се почесто се применува и во останатите држави, ама не и кај нас. Ние надворешнта политика не ја креираме во соодветното министерство ниту пак претседателот на државата и премиерот во своите кабинети имааат доволно квалификувани соработници ( за дипломатскиот капацитет во МНР воопшто не  зборувам). Последен пример  е рехабилитација на Бучковски. Дупло голо. Нашиот амбасадор во Берлин веројатно во својата анализа на новата влада во Германија, секако посветил внимание и на клучните луѓе, посебно на името Јенс Плетнер, советник за надворешна политика со кого секако ќе воспостави квалитетна соработка. Па како тогаш да очекуваме резултати. Ако на ова додадам дека основната цел на нашите амбасадори е да се додворуваат со извештаите на светото тројство, на министерот, премиерот и претседателот како испробана формула за опстанок. Остануваат благодарни дури и во мировина, не само на сегашните владатели, туку и на поранешните ( видете ги активности на Дипломатски клуб и ткн. Амбасадорски совет). Најекспонирана наша амбасадорка е дамата од Ватикан, која секојднено ги објавува на Фејсбук и Твитер  своите дипломатски ангажмани.

 

Нашиот актуелен МНР голем дел од своите активности посветува на одбраната на ликот и делото на својот шеф и рејтингот на неговата  партијата (заменик на МНР е дама даскалка по англиски јазик). Често не јасно, на надворешен план, за кого повеќе лобира. Такво нешто не постои во дипломатијата. Такви активности не се забележуваат ниту кај еден министер за надворешни работи. ДУИ од неодамна се прокламира како партија на “Зелените”. Таа боја навистина им одговара, но ниту една европска партија на “Зелените” не настанала од паравоена организација. Напротив таквите партии беа првобитно формирани од мирољубивите поостарени хипици, на кои потоа им се придружија и сериозни политичари. Тоа беше долг процес на пребразба, до таа мерка да денес партиите на “зелените” се влијателни коалициони партии во многу држави. Сега имаме една поволна ситуација за нашиот министер Османи, кој е дел на партијата на “зелените”- ДУИ, исто како и германска министерка А.Баербок од  “Die  “Gruenen”, а и нашиот амбасадор во Берлин е од партијата ДУИ што е  добра основа за натамошната поддршка и на новата влада на новиот сојузен канцелар Шолц.

 

Сега имаме нова влада на чело со наш  Харвардсофт премиер, омилен кај членството што покажуваат и резултатите на неговиот избор. Toj со вистинскиот  дипломец од бизнис школата на Харвард ќе треба експресно да го решеи деценискиот спор спакуван во Договорот за пријателство, наивно верувајќи дека насловот е доволен да гарантира целосна реализација. кој со вистинскиот дипломец од Харвард ќе треба експресно да го реши деценискиот спор спакуван во Договор за пријателство, наивно верувајќи дека насловот е доволен да гарантира целосна реализација. Бугарска дипломатија има голема предност. Пред се, институционално и кадровско. Во секоја софијаска минијатурна книжарница ќе најдете на стотици наслови за македонското прашање, додека нашата пишана номенклатура достапна е само во институтите. Бугарската дипломатија е непрекинато ангажирана на прибирање  и  презентирање на информации кои одат во прилог на нивната позната позиција. Нашата дипломатија, не само да нема сопствена архива, туку го нема анализирано ова прашање ниту во време на поранешната ни држава, ниту пак денес има капацитет да и парира на бугарската страна, макар што сите аргументи се на наша страна. Никогаш прашањето околу името, па и односите со Бугарија не биле меѓу приоритетите и постојана точка  на агендата на нашите дипломати. Се било импровизација чији плодови денес ги собираме.

 

Брисел вчера (16. о.м.) не го постави на дневен ред проширувањето на ЕУ, па изостанаа и толкувањата на  најновите предлози на бугарската страна инаку  транспарентно објавени,  и нашите контрапредлози, доставени од нашиот експерт за римско право, за малку да напишам за кривично. Мораме на ова прашање да му посветиме посебно внимание, посебно што имаме и солидна Декларација во Собранието. Оттука кванташки изгледа пребегот на минорната политичка партија во владаечката коалција, се со цел да се добие датум за преговори. Партијата има анегдостско име- Алтернатива. Алтернатива на што? Службените лица од ЕУ  ни сугерираат дека нашата држава нема алтернатива кога се во прашање европските интеграции. А нашата партија со такво име покажува дека алтернатива сепак постои. Тоа е влегување на власт, без избори. Тезгата е испробан метод на мерењето со балкански терезии. Предлози кои на тој пат ни ги предлага ЕУ, и тоа  не како утеха, ами како процес, ние  неусогласено ги одбиваме, небаре сме Турција, која тоа го прави аргументирано. Прашањето околу задоцнетиот проект “Отворен Балкан” нашите политички чинители  погрешно го толкуваат и го ставаат не во интеграционот досие, туку му додаваат  атрибути кои само ги збунуваат не само заинтересираните туку и локалните везири кои во тој проект гледаат низ призма на 19 век.

 

Влегуваме во новата година која за жал содржи само двојки и нули што може да биде дестимулативно за долгодишниот повторувач во колоквиумите за добивање услови да се испроба и на испитот  пред   строгиот професор. Се надевам дека и на  Старата дама ќе и се досади па ќе ја подотвори вратата. За тоа има и некои објективни сигнали. Американскиот дипломатски булдождер со звучно име е на Балканот.Има многу незавршени работи. Англија и без ЕУ, реафирмира традиционален интерес за балканските прекројувања и враќање на сопственото влијанието, покрај традиционалниот  непрекинат разузнвачки талент. Социјалдемократите во Германија нема ништо да менуваат. Традиција зборува дека за Балканот секогаш покорисни беа конзервативните влади. Францускиот претседател сериозно се подготвува да не ги изгуби изборите од кандидатката која одамна ја чека својата шанса и на тој начин ги оневозможи и застрашувачките сценарија  изнесени делата на моментално најпопуларниот француски писател М. Уелбек (Submission). Во ЕУ Макрон не би имал конкуренција за лидерство. Тука Ла Пен е хендикипирана. Русија пак е ставена  во ситуација да троши многу финансиски средства за својата безбедност. САД со Бајден само со подгрејување на студената војна,можат индиректно да ја ослабат руската економија, која пак благодарение на енергетските извори, може сеуште да парира на блокадите од САД и ЕУ. При тоа не го заборава Балканот. Ние тука немаме никаква политика. Не забележав дека  реагиравме на честитката на Руската амбасада во Скопје, по повод Свети Кирил која беше целосно афирмативна  за сите словенските народи, па и за нас. Кинезите секогаш имаат алтернативи во политиките. И тоа не само една. Патот на свилата е само една алтернатива. Заборавивме дека веќе  еднаш ја протеравме Кина од Скопје. Не забележувам дека ние имаме дефинирана политика ниту кон Русија ниту кон Кина. Нашата добитничка политика е добивање на датум за преговри како услов и крунски доказ за успешноста на ова прикрпена влада. Недоволни почитувани трпеливи читатели, среќна повторувачка 2020 година.

 

Пишува:  Ѓорѓи Мисајловски

 

Back to top button
Close