Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.






