Пропадна уште еден обид: И Осман Кадриу не доби двотретинско мнозинство за претседател на Уставен суд

Ниту уставниот судија Осман Кадриу не доби поддршка за претседател на Уставниот суд. И вториот круг гласање денеска пропадна. Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа.

Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана

Судот може да се соочи со блокада со оглед дека на Кацарска вчера и заврши мандатот вчера , а деловникот не предвидува ниту заменик претседател ниту вршител на должност

Back to top button
Close