Пропалестински протести го запреа сообраќајот околу двата најголеми аеродроми во САД

Пропалестински протести синоќа го блокираа сообраќајот околу меѓународниот аеродром Лос Анџелес и меѓунарoдниот аеродром Кенеди во Њујорк, двата најголеми во земјата.

Протестните акции на двата брега на САД, источниот и западниот, завршија со десетици уапсени лица.

Во аеродромот Лос Анџелес каде што демонстрантите предизвикаа немири, беа уапсени 36 луѓе, соопшти градската полиција.

-Демонстрантите турнале полицаец на земја и користеле ѓубре, патни знаци, гранки од дрвја и бетонски блокови за да блокираат (патот кон аеродромот), напаѓаа на случајни минувачи кои поминуваа со нивните коли, се вели во соопштението од полицијата.

На другиот крај од земјата, Одделот за полициско-пристаништен менаџмент на Њујорк соопшти дека 26 лица биле уапсени за нарушување на јавниот ред и создавање пречки во движењето на транспортот за време на протестна акција на автопатот Ванвик во реонот на аеродромот Кенеди во Квинс.

Back to top button
Close