Просечна плата во Црна Гора 1.012 евра

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во декември изнесувала 1.012 евра и е за 1,9 отсто повисока од ноември 2024 година, објави денеска Монстат.

Просечната нето плата во декември во однос на истиот месец во 2023 година бележи пораст од 24,3 отсто.
Заводот за статистика на Црна Гора објави дека лани просечната нето плата изнесувала 876 евра.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во декември, во однос на ноември, бележат намалување од 0,1 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период се зголемени за два отсто, а ако се знае дека цените лани во однос на 2023 година забележале раст од 3,3 отсто, тоа значи дека реалните плати се зголемени за 7,1 отсто“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close