Просечната нето-плата во ноември изнесувала речиси 42 илјади денари
Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала 41 999 денари, што е зголемување за 9,5 проценти во однос на ноември, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето, како што посочуваат од ДЗС, се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Уметност, забава и рекреација каде се бележи зголемување за 15,3 проценти, кај Транспортот и складирањето за 12,7 проценти и кај Преработувачката индустрија за 11, 2 проценти.
Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Дејности во врска со недвижен имот и Земјоделство, шумарство и рибарство.
Просечната бруто-плата во ноември изнесувала 63 154 денари.