Просечната нето плата за март изнесува 48 433 денари

Во март 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија изнесуваше 48 433 денари, објави Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари.
Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8,2 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15,6 %, Дејности во врска со недвижен имот за 12,2 % и Информации и комуникации за 11,6 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 10,9 %, Дејности во врска со недвижен имот за 9,1 % и Информации и комуникации за 8,5 %.





