Протест на угостителските објекти со гласна музика

Дебарските угостители денеска во 12 часот ги отворија своите локали и притоа емитуваа музика со висок тон во знак на револт што тие и понатаму немаат право да ги отворат своите ресторани, кафулиња и други угостителски објекти. Оваа активност е координирана со Гастрономската комура на Р. С. Македонија, информираа  угостителите во Дебар и регионот.

Сопственикот на ресторанот „Колоња“ Албер Колоња изјави дека со силната музика фактички се протестира до надлежните и се бара да се донесе одлука за почеток со работа на угостителските објекти. -Ние имаме многу големи финансиски штети, а во прашање доаѓа и бројот на вработените. Цели три месеци во Дебар овие објекти се затворени – нагласи Колоња додавајки притоа дека дел од сопствениците имаат проблеми и со неплатената кирија, и други обврски кон државата.

Дебар денеска беше опседнат од  мозиката со силни тонови како во центарот на градот така и во другите улици каде има угостителски објекти. Сопствениците сметаат дека Владата конечно треба да даде зелено светло за старт со работ на овие објекти . Инаку во изминатите околу 3 месеци од кога беа затворени овбјектите , без работа останаа поголем број на лица ангажирани во рестираните , пицериите , и кафулињата .

 

К. Мимидиноски

Back to top button
Close