Протести и во Монтреал поради смртта на Џорџ Флојд

Илјадници луѓе вчера протестираа во центарот на Монтреал пред полициската управа, поради полициската бруталност и расната дискриминација, а полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Демонстрантите извикуваа „Има расизам и во Квебек“ и  „Црниот живот е важен“.

Голем број од демнострантите носеа маски. По протестот дел од насобраниот народ почна да ги крши излозите на продавниците и да подигнува баркади, при што полицијата употреби солзавец.

И во Торонто и Монтреал вчера имаше протести поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на полициска интервенција во САД. Тие поминаа мирно, за разлика од Монтреал.

Тоа е еден од низата протести што од САД се проширија низ светот, од Лондон и Берлин до Австралија и Холандија, откако беше објавена снимка како полицаец со колено го притиска Флојд на вратот речиси девет минути, додека тој предупредува дека не може да дише.

Back to top button
Close