Протести во Анкара: Илјадници луѓе бараат покачување на минималната плата
Минатата недела, турската влада објави дека месечната минимална плата во 2025 година ќе биде 22,104 лири (околу 37,150 денари) што е зголемување за 30% од 2024 година. Денес, илјадници луѓе се собраа во Анкара на протест, барајќи поголема минимална плата.
Турските работници бараат зголемување за 70% од кои 45% би било за прилагодување на инфлацијата и 20% за зголемување на благосостојбата.
Озгур Озел, лидерот на главната опозициска партија, објави на „Х“ дека зголемувањето за 30% е „најновиот доказ дека Ердоган изгубил допир со реалноста во својата држава“.
Во Истанбул, просечната кирија е 41,834 денари, а во Анкара е 33,455 денари – суми кои или ja надминуваат или се близу до минималната плата.