Провалници се обиделе да влезат во вилата на Никол Кидман и Кит Урбан вредна 4,7 милиони долари
За време на викендот, провалници се обиделе да влезат во домот на Никол Кидман и Кит Урбан во Беверли Хилс, пренесуваат странските медиуми.
Среќна околност е што еден од вработените во домот брзо реагирал, па провалникот веднаш ја напуштил куќата. Сè уште не е утврдено дали нешто е украдено, а на Никол и Кит им е препорачано детално да ја прегледаат куќата.
Да потсетиме, славниот пар живее во луксузна вила во Лос Анџелес вредна 4,7 милиони долари, која располага со пет спални соби и четири бањи.
Никол Кидман претходно беше во брак со Том Круз, со кого има две посвоени деца. Во 2006 година, по разводот, се омажи за музичарот Кит Урбан, со кого има две ќерки