Проверете си ја трансакциската – во тек е исплатата на МојДДВ за април, мај и јуни

Фејсбук статус на министерката за финансии Нина Ангеловска:

📢📢 Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020! Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра 💶

Исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерство за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020:

No photo description available.

💰 Поврат: 5,44 милиони евра
🧍‍♂️🧍‍♀️ Граѓани кои скенирале сметки заклучно јуни: 304.637 граѓани или
↗️ ∼ 25.000 граѓани повеќе во однос на претходното тримесечје
🧾 Скенирани сметки: 41,7 милиони сметки
🛒Направен промет: 21,4 милијарди денари
__________________________

No photo description available.

Одлични резултати на МОЈДДВ за јули  ‼️

🧾📲 Скенирани 21,5 милиони сметки или за 80% повеќе во однос на просекот од сите останати месеци
__________________________

Со МОЈДДВ граѓаните добиваат трикратна корист:

No photo description available.

⚫️ Помагаат во сузбивањето на сивата економија
💰 Добиваат поврат на ДДВ
💶 Добиваат можност за бројни парични награди преку #МојаНаграда

Back to top button
Close