Првиот човек на Амнести интернешнал во Украина си поднесе оставка по контроверзниот извештај

Шефицата на канцеларијата на Амнести интернешнал во Украина, Оксана Покалчук денеска потврди дека поднела оставка, поради како што вели контроверзниот извештај со кој се обвинува украинската армија дека ги загрозува цивилите со поставување на воени бази во училиштата и болниците и изведување на контранапади од населени области.

„Доколку не живеете во земјата која е нападната од окупатори, кои сакаат да ја растурат, веројатно не разбирате како е да ја обвинувате армијата на бранителите“,истакна Покалчук.

Таа воедно обвини дека со објавување на контроверзниот извештај, организацијата ја спроведува пропагандата на официјална Москва

“И со ниту едни зборови, на ниту еден јазик, нема да можете да му објасните на некој што не доживеал ваква болка“bвели Покалчук

Back to top button
Close