ПРВИТЕ ЗБОРОВИ НА НАСТАВНИЧКАТА КОЈА БЕШЕ ПОВРЕДЕНА ОД МОМЧЕТО УБИЕЦ ВО ВРАЧАР: Во шок постојано повторува една реченица !
Наставничката по историја која ја рани момче (14) на крвава веселба во Врачар, со денови не може да поверува што им направил момчето-убиец, па во разговорот со лекарите постојано повторува дека немало индиции дека тој би ја направил оваа страшна работа!
Според лекарите кои се грижат за неа на хируршкото одделение на Клиничкиот центар на Србија, иако сега е надвор од животна опасност и вели дека се чувствува добро, наставничката Марија во состојба на шок го повторува само ова: „Боже , Боже, што ни се случи! Што му требаше ова?”
Како што дознаваат српските медиуми, поради сериозни повреди ја чека уште една ортопедска операција.
Да потсетиме, во средата седмоодделенец уби осум деца од ОУ „Владислав Рибникар“ и училишен чувар, а рани шест ученици и еден наставник по историја употребувајќи го пиштолот на неговиот татко.
Поради загрозување на општата безбедност, неговиот татко е приведен и одредена му е мерка притвор до еден месец, додека момчето е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади!