Психолошки трилер со Роуз Бирн е најпосетуван филм на фестивалот Санденс

Роуз Бирн ја игра главната улога во психолошкиот трилер „Ако имав нозе, ќе те шутнев“ во продукција на популарното студио А24. Филмот ја имаше премиерата петокот на фестивалот Санденс и беше пречекан со полна кино сала.

Филмот е интензивен, брутален и инвентивен, а човекот кој стои зад него е Мери Бронстин. „Ако се грижиш за некој, не треба воопшто да се занимаваш со себеси. Треба сето внимание да биде врз тој за којшто се грижиш, така? Токму таквиот вид емотивна прегореност ми беше интересна за истражување во филмот“, изјави Бронстин на премиерата.

Роуз Бирн ја игра Линда, прегорена мајка. Таа се справува со мистериозна болест на ќерка си и влегува од една криза во друга, а како што напредува дејството, така тие тонат сѐ подлабоко и ситуацијата станува претешка за неа.

 

 

 

 

Back to top button
Close