Пукање во Чаир, повредено е едно лице

Пукањето се случило на крстосницата на улиците „Џон Кенеди” и „Цветан Димов”, а од огнено оружје е повредено лице со иницијали А.Б.

Едно лице е повредено во пукање што вечерва се случило во Чаир, во близина на супермаркетот „Веро“

Пукањето се случило на крстосницата на улиците „Џон Кенеди” и „Цветан Димов”, а од огнено оружје е повредено лице со иницијали А.Б.

Според информациите до кои дојде „360 степени“ повредениот е надвор од животна опасност. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на престрелката, на раскрсницата меѓу булеварите „Цвеѕан Димов” и „Џон Кенеди”, вечерва се присутни полициски екипи.

Дел од медиумите веќе пренесуваат видеа на кои може да се види дека во овој дел од населбата Чаир има зголемено полициско присуство.

МВР го потврди вооружениот инцидент и информира дека било пукано од возило „пасат“.

На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“. Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Back to top button
Close