Путин: Ако нападите врз Русија продолжат одговорот ќе биде остар

 

Рускиот претседател Владимир Путин повторно ја обвини Украина за нападот врз мостот на Крим, нарекувајќи го тоа „терористички чин“ Тој уште тврди дека Украина се обидела да го дигне во воздух и гасоводот „Турски ток“.

„Ако нападите врз Русија продолжат, одговорот ќе биде остар. Одговорите ќе бидат со иста јачина како и заканите за Русија. Во случај на натамошни обиди за извршување терористички акции на наша територија, одговорот на Русија ќе биде остар“, рече тој на состанокот на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Тој призна дека „ракетите со голем дострел” целеле енергетски, воени и комуникациски објекти на Украина во координиран напад.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, возврати на најновите закани на Путин и рече дека рускиот претседател не бил „испровоциран да изврши ракетни напади со голем дострел против Украина“.

„Путин ја напаѓа Украина затоа што е очаен и користи ракетен терор за да се обиде да го промени темпото на војната во своја полза“, посочи Кулеба во серија твитови

Back to top button
Close