Путин не може да го направи тоа што го планираше во Украина  

Британското Министерство за одбрана го објави својот најнов разузнавачки извештај за руската инвазија на Украина во кој се наведува дека „потценувањето на украинскиот отпор од страна на Русија и планирањето на ’најдоброто сценарио’ довело до очигледни оперативни неуспеси“, го спречиле рускиот претседател Путин вчера да соопшти за значајни воени успеси во Украина на парадата по повод Денот на победата.

„Планот за инвазија на Русија најверојатно се засноваше на погрешната претпоставка дека руските сили ќе наидат на ограничен отпор и ќе можат да ги опколат и премостат големите градови на краток рок“, се наведува во извештајот на британските разузнавачи.

„Оваа претпоставка ги наведе руските сили да се обидат да ја изведат првата фаза од операцијата со лесен, прецизен пристап дизајниран да постигне брза победа со минимални трошоци. Оваа лоша проценка доведе до големи загуби и значително намалување на рускиот оперативен фокус“, се наведува во извештаот на британското МО

 

 

Back to top button
Close