Путин: Ова е напад врз нас одвнатре, ова е предавство!


Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на јавноста и откако беа подигнати безбедносни мерки низ целата земја откако војниците на групата „Вагнер“ под контрола на Евгениј Пригожин влегоа во Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија „уништува „неговите борци.

„Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани“, рече на почетокот Путин и додаде дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата.

„Ова е обид да не нападнат одвнатре, ова е предавство“, рече Путин.

Тој рече дека контрамерките ќе бидат многу тешки.

„Ситуацијата околу Ростов е многу комплицирана. Ние правиме се за да го одбиеме овој напад. Ова е нож во грб за нас. Тие што се побунија ја предадоа Русија и ги повикувам сите вклучени во таа акција да престанат со секое учество во вооружен конфликт“, рече претседателот на Русија.

Путин рече дека е издадена наредба да се неутрализираат сите кои го организирале овој бунт.

„Ќе се спротивставиме на искушенијата и предизвиците. Ќе бидеме посилни од порано“, рече претседателот на Русија.

Путин порача дека оние кои ја делат Русија и нејзините граѓани неизбежно ќе бидат казнети.

Путин додаде дека во Москва и во неколку соседни региони се во сила антитерористички мерки.
Рускиот претседател ј претходно посочи дека „таков конфликт мора да биде отфрлен за време на специјална воена операција“.

Русија води тешка битка за иднината и целата „воена и информатичка технологија на Западот е против Русија“, изјави Путин.

Претходно Министерството за одбрана на Русија испрати апел до борците на формацијата „Вагнер“ да се предадат.

„Вие бевте измамени во криминалната авантура на Пригожин и вооружениот бунт. Многу ваши другари од неколку одреди веќе ја сфатија својата грешка и побараа помош безбедно да се вратат во местата на постојано распоредување. Ваквата помош од наша страна веќе е обезбедена на Сите борци и команданти кои се пријавиле. Ве молиме да стапите во контакт со претставници на руското Министерство за одбрана или полицијата што е можно поскоро. Гарантираме безбедност за сите“, се вели во соопштението.

После тоа пристигна порака од генералот Суровикин, кој им порача на вагнерците да се вратат во своите бази и да ги слушаат командите на претседателот Владимир Путин.

Back to top button
Close