Путин положи заклетва за петтиот мандат: „Не одбиваме дијалог со Западот”

Владимир Путин денеска го почна петтиот претседателски мандат откако положи заклетва на свечена церемонија во Кремљ, која беше бојкотирана од САД и најголем дел од западниот свет.

По убедливата победа на изборите во март, кога освои 87% гласови, Путин ја зацементираше својата власт најмалку до 2030 година, кога ќе може да се бори за уште еден мандат, станувајќи најдолготрајниот руски лидер од Јосиф Сталин.

Многу работи се сменија од првата инаугурација на Путин во мај 2000. Тој тогаш вети дека ќе ја чува и развива демократијата и ќе се грижи за Русија, а во 2018 вети дека Русија ќе биде во петте најголеми светски економии. Во меѓувреме, тој почна војна против Украина, во која загинаа десетици илјади Руси, ја уништи опозицијата и ја концентрираше сета моќ во свои раце.

Во својот краток говор на инаугурацијата, Путин кажа дека е отворен за разговор со западот, но само под еднакви услови и додаде дека Русија мора да биде отпорна на сите закани и предизвици.

„За Русија, ова е продолжување на нашиот пат, ова значи стабичност, можете да прашате кого било на улица“, кажа близок соработник на Путин, Сергеј Чемезов.

Back to top button
Close