Путин потпиша указ за засилени мерки за заштита на мостот на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин нареди построго обезбедување на Кримскиот мост, како и инфраструктурата за електрична енергија и гас до полуостровот, соопшти Кремљ. Како што пренесе руската агенција Интерфакс, на Владата на Руската Федерација и беше наложено да ги усогласи своите акти со оваа уредба.

„Да и се довери на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација овластување да организира и координира мерки за заштита на транспортниот премин преку Керченскиот теснец, енергетскиот мост на електричната мрежа на Руската Федерација до полуостровот Крим и главниот гасовод Краснодарска територија – Крим за време на нивното работење“,

се вели во текстот на декретот.

Одлуката на Путин следува по силната експлозија на мостот утринава во која загинаа три лица.

Мостот важи за еден од „симболите на руската моќ“. Свечено го отвори рускиот претседател Владимир Путин во 2018, четири години по анексијата на полуостровот. Во војната што во февруари годинава ја започна Москва против Украина, пак, тој беше користен за руските сили да пренесат воена опрема, муниција и персонал на боиштата на украинската територија.

Back to top button
Close