Путин потпиша закон за воведување визи за дипломати на ЕУ, новинари и официјални делегации

Москва претходно ја најави оваа мерка како одговор на дејствијата на, како што се наведува, „непријателските земји“. Русија ги означува како непријателски државите кои и воведоа санкции поради нејзината воена интервенција во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за суспензија на поедноставеното издавање визи за граѓаните на повеќето европски земји, јавуваат руските агенции.

Законот предвидува суспензија на визното олеснување за неколку категории граѓани на ЕУ, Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, вклучително и за новинари и за официјални делегации, наведува РИА Новости.

 

 

Back to top button
Close