Радев ги повтори условите: Уставни гаранции за Бугарите во С Македонија, запирање на говорот на омраза и дебугаризација

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и особено на братска Република Северна Македонија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев.

Како што јави МИА од Софија, Радев потенцира дека тоа ќе зависи од индивидуалниот напредок и исполнувањето на копенхашките критериуми за членство од страна на сите земји кандидати.

 

Радев рече дека верува оти сите ветувања и заложби на Република Северна Македонија за спроведување на билатералниот договор ќе бидат исполнети со цел да се забрза процесот на нејзината европска интеграција.

 

Сепак, Радев, паралелно со тоа, ги повтори очекувањата дека, како што рече ќе се решат сите отворени прашања, како што се „уставните гаранции за правата на македонските Бугари, откажувањето од говорот на омраза, завршувањето на процесите на дебугаризација, на фалсификувањето на нашето милениумско културно-историско наследство“ што според него ќе помогнат и ќе го забрзаат процесот за да се отвори вратата за преговори за членство.

 

 

 

Back to top button
Close