Радев: Посетата на претседателката Сиљановска не беше ниту државна, ниту работна

Се огласи и претседателот на Бугарија, Румен Радев по повод неистакнувањето на македонското знаме при посетата на Гордана Сиљановска-Давкова, што предизвика големи реакции во јавноста.

Тој кажа дека ова не било ниту државна, ниту работна посета на претседателката Сиљановска-Давкова.

„Нека биде јасно, ова не беше ниту државна, ниту работна посета и се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Северна Македонија ќе оствари државна посета, која ќе биде со сите официјални церемонии по протокол, и тоа ќе придонесе и за нашите односи“, изјави денес Румен Радев, кој истакна дека средбата во Софија била конструктивна и со добар тон, додавајќи дека имал покана за посета на Северна Македонија.

Back to top button
Close