Радев потврди: Бугарија запира со испорака на оружје за Украина

Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев, јави БТА.

– Како што веќе знаете, владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина – изјави Радев на почетокот на редовната владина седница.

– Веќе дадовме доволно, нашата земја продолжува да трпи социјално-економски штети од оваа крвава војна. Убедени сме дека постигнувањето мирно решение нема да дојде со воени средства, затоа повторно повикуваме на сеопфатен реалистичен пристап и барање дипломатско решение – рече Радев.

Министерот за одбрана Димитар Стојанов вчера изјави дека владата не предвидува испраќање дополнително оружје за украинската армија. Според него, време е да се седне на преговарачка маса и да се бара праведен мир.

Според премиерот, зајакнувањето на владеењето на правото, на демократските институции и на одбранбените капацитети на бугарската армија, а не вложување дополнителни средства во војната, е вистинската инвестиција во европската иднина на земјата. Радев нагласи дека главен приоритет на владата се безбедноста и благосостојбата на бугарските граѓани.

Back to top button
Close