Ракометарите на Вардар продолжија со максимален ефект


Ракометарите на Вардар ја остварија и деветата победа во Супер лигата откако вечерва во дуелот од 9.коло го совладаа Бутел со 36:30. „Црвено-црните“ се единствената екипа со максимален ефект.

Без пораз во шампионатот е и Алкалоид, а во денешниот натпревар избраниците на тренерот Кирил Лазаров го совладаа Еурофарм Пелистер со 37:25.

Во Кавадарци во дербито на колото Тиквеш го совлада Прилеп со 24:21. Очекувана победа 47:27 оствари и шампионот Еурофарм Пелистер, откако во дуелот од 9.коло го совлада Радовиш. Во ова коло единствената гостинска победа ја постигна Пролет со триумфот против Струга 38:29.

На вчера одиграниот дуел Охрид – МРК Куманово 37:17.

Табела: Вардар 18 бодови, Алкалоид 16, Еурофарм Пелистер 15, Охрид 13, Бутел 11, Пролет 9, Тиквеш 8, Прилеп 6, Струга 4, МРК Куманово 2, Радовиш 0.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close