Рама: Албанија е најпроамериканска земја, со Кина имаме нормални односи, без Русија можеме да опстанеме без никаков проблем

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за SKYTG 24 зборуваше за односите што ги има неговата земја со САД, Русија и Кина.

Објаснувајќи ги односите во минатото, Рама изјавил дека „Албанија без никаков проблем може да опстане без Русија и дека нема никаков проблем да и воведат санкции”.

-Немаме посебни односи со Русија бидејќи таа презеде некои дејствија кои нè погодија. Не направи најпроамериканска земја затоа што 50 години бевме бомбардирани од утро до вечер. Тоа е причината поради која немаме никаква врска и не сакаме да имаме со Русија затоа што ја имавме на булевар до 1990 година. Ние ги раскинавме односите со Русија во 1960 година и Енвер Хоџа во тоа време ја нарече предавник. По 1990 година немаме тенденција да се зближуваме со Русија. Без никаков проблем можеме да живееме без нив и немаме проблем да им наметнуваме санкции, изјавил Рама.

Кога станува збор за односите со Кина, тој оценил дека тие се нормални.

– Имаме нормални односи со Кина. Ние сме поранешна комунистичка земја каде Кина има мало присуство. Со Кина бевме во брак, бевме пријатели и роднини. Ние немаме друга алтернатива, додал Рама.

Back to top button
Close