Рама апелира до Вучиќ: Не ги хранете групите на северот на Косово со илузии и алиби

Косово и тензичната ситуација на северот на Косово била една од главните теми на кои се разговарало на средбата во четири очи меѓу премиерот Еди Рама и Педро Санчез, премиер на Кралството Шпанија, кој денеска престојува во Тирана во рамки на официјалната посета на Западен Балкан.  

-Ситуација која доцна синоќа имаше сосема неразумна ескалација. Владата на Косово има право, но и должност да ги спроведува договорите со практикување на територијалниот суверенитет што произлегува од независноста во администрацијата на државата. Договорите постигнати со другата страна се договори што треба да се извршат, а не да се дискутираат, рече Рама на заедничката прес-конфренција со Санчез. 

Toj ја нарече неразумна ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово и го повикa српскиот претседател Александар Вучиќ „да не храни одредени групи на северот на Косово со какво било алиби или оправдување“. 

 -Ги повикувам властите во Белград и претседателот на Србија да не даваат никакво алиби или оправдување на одредени групи на северот на Косово кои од свои причини се противат на спроведување на договор кој е валиден, и за давање поголем кредибилитет на дијалогот Косово-Србија, вели Рама. 

 Додаде дека го поздравува 30-дневното одложување на имплементацијата на овој договор, што било поздравено од шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и побарано од САД. 

Со Санчез, рече Рама, разговарал и за независноста на Косово, но „одлуката на Шпанија да не ја признае независноста на Косово останува непроменета, тоа е поради причини поврзани со самата Шпанија“.

Back to top button
Close