Рама најави новогодишен бонус од 100 до 150 евра за пензионерите

Албанскиот премиер Еди Рама денеска објави дека пензионерите ќе добијат новогодишен бонус во износ од 100 до 150 евра во зависност од висината на пензиите. За таа цел, додаде тој, владата ќе издвои фонд од 100 милиони евра.

„Овој бонус ќе биде на две нивоа: сите пензионери кои имаат пензија до 200 евра ќе добијат по 150 евра, што е трипати поголем износ од претходниот бонус. Пензионерите кои имаат пензија поголема од 200 евра ќе добијат двојно поголем бонус од претходните години, односно по 100 евра“рече Рама.

Оваа разлика меѓу првата и втората група, според него, не се прави за да се даде помалку на оние кои имаат повисока пензија, туку за да се даде повеќе на оние кои имаат помала пензија.

„Бонус од по 150 евра ќе добијат повеќе од половина милион пензионери. Опфатени се и трудови инвалиди и корисници на пензија како мајки или деца без родители. По 100 евра ќе добијат други околу 210 илјади пензионери“ кажа албанскиот премиер.

Тој вети исплата на бонус за пензионерите и во месец март

Back to top button
Close