Рама: Русија би била задоволна со нов конфликт на Балканот

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека Москва го подгрева конфликтот на Балканот и го загрозува кревкиот мир, со тврдење дека Русија би била задоволна доколку нешто почне во насока на конфликтот во регионот.

– Дали сте слушнале колку пати Путин го спомнува Косово во своите говори? Постојано повторува: „Косово, Косово, Косово“. Шефот на Кремљ го поттикнува најболниот од сите нерешени проблеми на Балканот и прави се за да запали нов фитил – изјави Рама во интервју за германски „Шпигел“.

Рама вели дека симпатиите кон Москва се силни во Србија и во Република Српска.

– Осумдесет отсто од православните Срби позитивно мислат дека Путин само му покажува заби на Запад во Украина, ако можете да го кажете тоа – додаде Рама.

Тој наведува и дека жителите на регионот се поделени на оние кои се против Путин и оние кои го поддржуваат.

Премиерот на Албанија ги повтори претходните зборови дека „одлуката за независноста на Косово е правилна“.

– На крајот на денот, сега има процес на мир и помирување, иако овој процес ќе трае долго – рече Рама.

Тој исто така смета дека „има длабока поделба меѓу црногорското и српското население во Црна Гора“, но додаде дека е добро што постои Отворен Балкан.

– Во последно време на Балканот има охрабрувачки случувања. Затоа сакам Србија, Албанија и Црна Гора да создадат некаква мини-шенген зона за подобра размена – рекол Рама.

Back to top button
Close