Рама во Берлин: Се одвојуваме од Северна Македонија доколку во јуни не се отворат преговорите

Албанскиот премиер  Еди Рама уште еднаш истакна дека Албанија ќе се „одвои од Северна Македонија доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни“.  

-Во случајот со одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, одговорот е позитивен: 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во националната  анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само доколку во јуни формално не се отворат преговорите за Албанија поради Бугарија. До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Северна Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да не разделат затоа што е невозможно долго да се соочуваме, изјавил Рама на заедничката прес – конференција во Берлин, со германскиот канцелар Олаф Шолс. 

Според албанските медиуми, Шолс од своја страна ја нагласил важноста на Берлинскиот процес, додавајќи дека е „дојдено време Западен Балкан да се приклучи на ЕУ“. 

 -Неколку пати го споменав прашањето за членството на Западен Балкан во ЕУ. Верувам дека сега е моментот, дека помина долго време и сега мора да следи следниот чекор. Можам да ве уверам дека со моќта што ја имам и со сета поддршка на федералната влада тоа навистина ќе се случи. Мојот впечаток е дека живееме во ново време и тоа има врска и со руската агресија. Во Европа се зголемува вниманието дека треба да се поддржуваме едни со други. Ќе бидам посветен на сè што го поддржува Берлинскиот проект, рекол Шулс. 

Рама, како и многупати до сега рекол дека „Албанија со години е разочарана од Советот на Европа“ но оти и без оглед на одлуката во јуни неговата земја ќе продолжи да ја врши својата работа

Back to top button
Close