Рама во ненајавена посета на Турција на средба со Ердоган


Албанскиот премиер Еди Рама денеска отпатува во ненајавена посета на Турција на средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган, јави Ора њуз.

– Се уште нема информации за причината што го натера шефот на владата да одлета за Анкара, ден пред да учествува на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, наведува телевизијата.
Наведува дека Турција ѝ ветила на Албанија шест беспилотни летала „Бајрактар” кои, според Рама, ќе се користат за државни служби.

Средбата доаѓа неколку дена по затворањето на турскиот колеџ „Мехемет Акиф”, одлука за која албанската влада е обвинета дека добила директива од Ердоган, бидејќи е финансиран од организацијата „ФЕТО”, наведува медиумот.
Таквите обвинувања ги демантира албанскиот премиер, оправдувајќи ја одлуката со непочитување на стандардите

Back to top button
Close