Распишана потерница за братот на Алексеј Навални

Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по братот на Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари во затворската колонија „Поларен волк“.

Потерницата по Олег е издадена во време кога семејството на Навални барало да им биде предадено телото на Алексеј, за да можат да го погребаат рускиот опозициски лидер.

Засега не се знае зошто е распишана потерницата по братот на Алексеј.

Да потсетиме, во 2022 година веќе беше распишана потерница по Олег Навални кога беше обвинет за учество на протест во Москва поради апсењето на неговиот брат Алексеј

Back to top button
Close