Размена на затвореници меѓу САД и Русија

САД и Русија објавија размена на затвореници, ослободен е американски маринец задржан за наводен напад на полицајци во Москва во замена за руски пилот екстрадиран во САД и осуден на 20 години затвор поради транспорт на наркотици.

-Со задоволство сакам да соопштам за ослободувањето на американскот државјанин Тревор Рид, кој неправедно беше задржан во Русија. Голема благодарност до нашите сојузници и партнери кои помогнаа во ова, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен.

Рид, кој беше задржан во август 2019 година за наводно агресивно однесување во алкохолизирана состојба и потоа осуден на девет години затвор, беше ослободен во замена за Константин Јарошенко, руски пилот, кој никогаш не се наоѓал на територија на САД, екстрадиран и осуден за трговија со кокаин.

-Тревор, поранешен маринец на САД е ослободен од руско заточеништво. Слушнав од родителите на Тревор колку многу тие се загрижени за неговото здравје и колку им недостасуваше. Со задоволство ги споделив со нив добрите вести за слободата на Тревор, изјави денеска претседателот Џо Бајден.

Уште неколку американци остануваат во затвор во Русија. Меѓу нив се Пол Вилан, кој во 2020 година беше осуден на 16 години затвор за шпионажа, и Бритни Грајнер, истакната кошаркарка која беше упасена во февруари а поврзано со пронајдени наркотички средства, обвинение кое може да и донесе казна затвор од 10 години.

Договорот за Тревор Рид беше резултат на „долги преговори”, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското МНР.

Back to top button
Close