Разрешени Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малијар и уште пет други функционери

Украинската заменик министерка за одбрана Хана Малијар е разрешена од функцијата, заедно со уште пет други функционери, соопшти денеска украинската влада.

Од почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, Малијар честопати беше задолжен за објавување информации за ситуацијата на фронтот.

Покрај неа, сменети се уште пет заменици министри.

Владата не ја образложи одлуката за измените кои уследија по назначувањето на Рустем Умеров за нов министер за одбрана.

Back to top button
Close