Реџепи за укинување на апанажата: Се омаловажува институцијата пратеник

Пратениците неволно зборуваат дали и како гласале за предлогот на Левица да се укине апанажата, кој вчера не помина во Собранието и доби минимална поддршка од само 16 народни избраници. Само пратеникот од владејачката Алтернатива, Скендер Реџепи ни потврди дека не гласале за предлогот.

-За мене лично е сеедно дали ќе има апанажа или не, но секако ми пречи популизмот на предлагачот и омаловажувањето на институцијата пратеник од нивна страна. Институцијата пратеник е волја на граѓаните донесена на избори, и е одговорност кон државните политики, развој и безбедност како и благосостојбата на граѓаните, и секоја изедначеност на таа институција со општите работни места (со сета почит кон сите други работни места) е навреда за институцијата пратеник и одговорноста која следи согласно уставот на РСМ – вели Реџепи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close