Реакција по притворот на Богоев: „Па да сакал да избега, немаше вас да ве чека“
Адвокатот Виктор Божиновски на социјалните мрежи остро реагираше на одлуката за определување притвор за Стефан Богоев, доведувајќи ги во прашање законските основи врз кои е донесена мерката.

Во објава на социјалните мрежи, Божиновски прашува како е можно притворот да биде определен врз основа на член 165, став 1 и 2, кои се однесуваат на опасност од бегство, неможност да се утврди идентитетот на осомничениот или можност за влијание врз сведоци и уништување докази.
„Тоа значи дека Стефан се крие, не може да се утврди неговиот идентитет или дека се обидува да побегне? Па да сакал да побегне, вас ќе ве чекал!“, напиша Божиновски.
Тој дополнително прашува на кои сведоци би можел да влијае Богоев и дали постои реална опасност од прикривање или уништување докази.
Во својата реакција, адвокатот упати и остри критики кон институциите, оценувајќи дека случајот можеби се користи за дефокусирање на јавноста од актуелните политички случувања и пораките што пристигнаа од Европската Унија.
„Ако со ова го прикривате ‘шамарот’ од ЕУ, браво! Ама и вас ќе ве стигне истото“, напиша Божиновски во објавата.






